16 Декември, 2025
0.0444

(ВИДЕО-ФОТО) Ракување на Путин и Порошенко во Минск: Одлучуваа за судбината на светот

Објавено во: Свет 26 Август, 2014 19:46

Добивај вести на Viber

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Украина Петар Порошенко денеска на почетокот на разговорот во Минск, каде се одржува состанокот на државите членки на евроазиската царинска унија (Русија, Белорусија и Казахстан), Украина и претставници од ЕУ.

Ова е првиот состанок на двајцата претседатели од јуни, а напнатоста е зголемена помеѓу двете земји бидејќи денеска Украина објави снимки од заробени руски војници во источна Украина, пренесува Ројтерс.

Кремљ соопшти дека Путин можел да одржи билатерален состанок со Порошенко.

 Украинскиот претседател Петар Порошенко денеска на состанокот со рускиот колега Владимир Путин во Минск дека денешните разговори со нив и највисоките европски претставници ги гледа како клучни за иднината за Европа.

„За судбината на светот и Европа се одлучува на овој состанок во Минск. Така јас го гледам тоа“, рекол Порошенко после ракувањето со Путин, на почетокот на билатералниот состанок, пренесува АП.

Путин изјавил дека кризата во Украина не може да биде завршена со додатни воени ескалации ниту го отфрлуваат дијалогот со претставниците од регионот на Украина каде повеќето се Руси.

Тој на почетокот на разговорот во Минск, каде се оддржува состанокот на државите членки на евроазиската царинска унија (Русија, Белорусија и Казахстан), Украина и претставници од ЕУ, исто така рекол дека во случај Украина да ја ратификува Спогодбата за придржување со ЕУ на тие земји, но и Русија имала голема економска штети.

 Руската економија би можела да претрпи од околу 100 милијарди рубљи (2,77 милијарди долари), доколку европските производи, чиј увоз Русија го забрани како одговор на санкциите на ЕУ, сепак влезат во Русија преку Украина, после потпишувањето на Спогодбата за ЕУ, пренесува Ројтерс.

Официјална Москва повеќе пати го предупреди Киев дека потпишувањето на Спогодбата за придржување со ЕУ би претставувало економско самоубиство. Путин додал дека, во случај да се случи тоа, официјална Москва ќе воведе економски контрамерки.

Покрај тоа, последиците би ја оштетиле и Белорусија и Казахстан, кои покрај Русија ја сочинуваат Царинската унија.

„Секторите на индустријата и земјоделството ќе бидат многу погодени, а ќе се почуствуваат и негативни последици по економскиот раст и развој“, истакнал Путин.

Рускиот претседател на состанокот со украинскиот претседател Петар Порошенко предупреил дека транзицијата на Украина на трговските стандарди на ЕУ таа земја ќе ја чинат 165 милијарди евра во наредните години.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека е важно состанокот во Минск да се искористи за рењавање на состојбата на југоисточна Украина.

Германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Петар Порошенко разговараа денеска, неколку часа пред почетокот на кризниот самит во Минск, пренесуваат денеска германските медиуми, повикувајќи се на наводите од Киев.

Порошенко, како се вели, ја информирал Меркел за влошувањето на состојбата во источна Украина и разговарал со неа за патиштата за мирно решавање на конфликтот, како и за предвременото распуштање на украинскиот парламент, кој отворил пат за одржување на предвремени избори на 26 октомври.

И.Р  

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица