18 Декември, 2025
0.0440

(ВИДЕО) ГАФ: Обама ги налути Американците – недостојно им салутира на војниците

Објавено во: Свет 24 Септември, 2014 11:55

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама предизвика огорченост и остро критики кај дел од американската јавност, кога на интернет се појави видео-снимка на која тој излегува од претседателскиот хеликоптер во Њујорк и притоа американските маринци кои ги пречекуваат ги поздравува со кафе во рацете. Снимката на Обама, кој бил на пат кон Генералното собрание на Обединетите нации, ја објави Белата куќа на својот Инстаграм профил, но таа набрзо се прошири на социјалните мрежи. „Само што го видов салутирањето со кафе. Господине претседателе, спуштете ја таа шолја со кафе!“, коментираат Американците на Твитер со посебен хаштаг #lattesalute. За граѓаните ова е неприфатливо потценување и лош однос кон маринците кои го дочекуваат претседателот. „Кога се обидуваш да водиш коалиција, покажи му на светот дека ја почитуваш војската. Ова не е само вторник, ова е утро по почетокот на една војна“, напишала една корисничка на Твитер. Видеото го коментирале и од Националниот одбор на Републиканската партија. „Ова е веројатно најапсурдното видео на претседателот Обама кое некогаш сме го виделе“, велат претставниците на оваа партија. http://www.youtube.com/watch?v=BVjVg346M58  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел