11 Декември, 2025
0.0292

(ВИДЕО) Гувернерот Трајко Славески го виде македонското монетарно злато во трезорот во Англија

Објавено во: Економија 02 Декември, 2025 11:15

Добивај вести на Viber

Гувернерот Трајко Славески и неговиот тим во посета на Трезорот на Банката на Англија, виде каде се чуваат златните резерви на Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија. 

Народната банка во состав на девизните резерви располага со околу 6,9 тони монетарно злато, со тековна пазарна вредност од околу 800 милиони евра. Златото се чува во Трезорот на Банката на Англија во алоцирана (асигнирана) форма и го сочинуваат маркирани златни прачки коишто во целост ги исполнуваат стандардите на пазарот на злато во Лондон (London Good Delivery Standard − прачки со содржина на злато од најмалку 99,5% или тежина од околу 400 фини унци, односно околу 12 кг). 

Одлуката тоа да се чува во Банката на Англија беше донесена во 2010 год. имајќи ги предвид сигурноста и флексибилноста коишто ги нуди инфраструктурната поставеност на централната банка, како и пристапноста до пазарот на Лондон.


„По претходно доставено барање до Банката на Англија, беше издвоен и презентиран примерок од соодветен број златни прачки во сопственост на Република Северна Македонија. Гувернерот, заедно со својот тим експерти, изврши визуелна проверка на примероците, при што беше утврдено дека тие одговараат на сериските броеви и дека се со правилна форма којашто соодветствува на утврдените стандардни спецификации.

Имајќи ги предвид исполнувањето на високите стандарди и пристапноста до учесниците на пазарот на злато во Лондон, ова злато, при поволни пазарни услови, покрај неговата значителна ценовна апрецијација, може да се искористи и за остварување дополнителни монетарни приходи преку пласмани на краткорочни депозити и склучување трансакции со злато со централни и првокласни странски деловни банки“,објави НБРСМ.

Во Трезорот на Банката на Англија се наоѓа една од најголемите резерви на злато во светот. Банката на Англија се грижи за повеќе од 400.000 златни прачки вредни милијарди фунти. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата