(ВИДЕО) ИД објави видео снимка од својот снајперист
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2015 13:42
Исламската држава го објавила своето видување на „најсмртоносниот снајперист“ , во ново пропагандно видео.
Џихадистите во објаснувањето наведуваат дека ваквата снимка е одговор на холивудскиот филм „Американскиот снајперист“, трае три минути и го покажува снајперистот од прво лице како ги погодува целите во источна Сирија.
Првобитното видео прикажуваше убиства на 12 ривалски борци, но идентитетот на снајперисите не е објавен и неговиот „рекорд“ во убиствата исто така не е познат.
Единствен податок кој џихадистите го објавиле е дека снимката е направена во провинцијата Деир Езор на истокот од Сирија, а наводниот „најсмртоносен снајперист“ пука од руска пушка Драгонов.
Снимката се појавува во моментот кога една од вестите на денот е пресудата на Еди Реј Рут за смртта на најуспешниот снајперист во американската воена историја, Крис Кајл , по чиј живот е снимен филмот „Американски снајперист“.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




