(ВИДЕО) ИМААТ ЗА 600 ОТСТО ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ: Починатите ги погребуваат ноќе и во групи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 06 Јули, 2020
Коронавирусот зема замав во Ирак.
Во оваа земја бројот на заразените скокна за 600 отсто, а мртвите се погребуваат во групи и тоа ноќе, кога ќе стивнат жештините.
На најголемите ирачки гробишта се закопуваат 70 до 80 тела на жртви на ден, а се очекува таа бројка да расте.
На Јусеф Х. од зараза со Ковид-19 му умреле родителите и сестрата.
„Го потценија вирусот. Не знаеја како да се заштитат. Сега сме преплашени и 100 отсто уверени дека коронавирусот е сериозна болест“, кажа Јусеф за Си-ен-ен.
На погребот не доаѓа семејството, а последните молитви за умрените ги испраќаат непознати луѓе – ирачките војници.
Медицинските работници предупредуваат на појавата на коронавирусот меѓу персоналот во болниците.
Досега се забележани над 62.000 случаи на зараза со коронавирусот, а умреа најмалку 2.500 луѓе. Во последните 24 часа во таа земја од вирусот умреа 94 лица.
Но, Индија денеска потврди повеќе од 23.000 нови случаи на коронавирус и со скоро 700.000 случаи е трета земја во светот по број на заразени, зад САД и Бразил.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.