17 Декември, 2025
0.0513

(ВИДЕО) „Исламска држава“ уништи уште еден антички град во Ирак!

Објавено во: Свет 07 Март, 2015 19:01

Добивај вести на Viber

Екстремисти од групата „Исламска држава“ денес го уништија античкиот град Хатра во северен Ирак, соопшти ирачкиот професор по археологија, пренесува ДПА.

Ова е уште еден напад против културното наследство на земјата, забележуваат агенциите.

Хамед ал Джабури, шеф на катедрата за археологија во Мосулскиот универзитет, посочи дека џихадистите ги кренале во воздух со експлозив остатоците од античката Хатра и други артефакти.

„Денес е извршено ново кривично дело од Даеш против ирачките антиквитети“, за ДПА изјавил Ал Джабури користејќи го арапското име на „Исламска држава“.

rusenje id 1

Градот Хатра, прогласен за дел од светското наследство на УНЕСКО, се наоѓа на околу 110 километри северозападно од Мосул, кој де факто е главниот град на „Исламска држава“ во Ирак.

Основан во третиот век пред Христа, град познат по храмовите. Разурнувањето за кое тврди универзитетскиот професор, се случува два дена откако ирачката Влада најави дека џихадисти го распаднале со булдожери античкиот град Нимруд во северниот дел на Ирак.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун овој ициндент го опиша како „воено злосторство против човештвото“ уништувањето на античкиот град Нимруд во Ирак.

„Недискриминирачко уништување на наследството не е само грижа на културната заедница или на специјалистите. Тоа е дел од проблемот за глобалната безбедност, тоа е дел од стратегијата за културното чистење, за бришење на меморијата, за финансирање на тероризмот“, изјавил генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова.

Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки