19 Декември, 2025
0.0419

(ВИДЕО) Јас мислам дека не треба да стојам тука на вакви прашања - Битиќи ја напушти прес - конференцијата

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2023 15:15

Добивај вести на Viber

Јас мислам дека не треба да стојам тука на вакви прашања, изјави  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. 

Тој потоа ја напушти денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, откако еден од новинарите го праша премиерот што мисли за сценариото највисоките државни функции да ѝ припаднат на ДУИ доколку не бидат успешни претседателските избори.

„Во случај на неуспешни претседателски избори, дали сте подготвени да прифатите дека државата останува во рацете на ДУИ со тоа што ќе биде назначен Албанец за премиер, а функцијата шеф на државата ќе му припадне на собранискиот спикер Талат Џафери?“, вака гласаше прашањето. 

Ковачевски рече дека новинарското прашање било „апсолутно некоректно“. Додаде дека имаме концепт за европска Македонија. 

„Меѓутоа, имаме појава на еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам“, кажа Ковачевски.

Ковачевски вели дека сите граѓани добиваат ист третман.

Фото: Принтскрин - Алсат


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните