(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“
Објавено во: Свет 06 Декември, 2024
Како што објави украинскиот весник Киев Пост, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, наводно му понудил пиштол на воен заробеник од Украина за да се самоубие.
Сојузникот на Путин од Чеченија рече дека сака украинските затвореници да се користат како жив штит. Тој го нарече претседателот Володимир Зеленски „ѓавол-јарец“ и рече дека украинските затвореници изгледаат како да живеат во одморалиште.
Кадиров, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на Чеченија, рускиот немирен кавкаски регион, разговараше со украинските воени заробеници на состаноците за кои беа широко известувани во медиумите контролирани од државата.
На видеото објавено претходно истиот ден, Кадиров може да се види како се насмевнува и води група украински затвореници заедно да скандираат: „Русија“ на состаноци во затворот во Грозни. Кадиров вчера кажа дека не останува многу време до крајот на конфликтот. Тој во разговор со граѓаните рече оти е сигурен дека нема долго до завршување на војната, иако секогаш има луѓе кои имаат интерес војната да продолжи за да заработат.
фото принтскрин
FSB TV openly recording Kadyrov goading and taunting Ukrainian POW’s and even offering one a gun to kill himself.
— Shaun Pinner (@olddog100ua) December 4, 2024
War Crime number 6734679
This is about right for the TikTok battalion especially Kadyrov, who sits in the rear getting fatter and fatter while state run RT, who as I… pic.twitter.com/lS1YCWlS2q