(ВИДЕО) Како живеат тие луѓе: Сателитски снимки покажуваат дека 83 одсто во Сирија живеат во мрак
Објавено во: Свет 12 Март, 2015 14:02
Ноќни сателитски снимки од Сирија, во која веќе четири години беснее граѓанска војна, покажуваат дека 83 одсто од територијата на таа земја е во мрак.
Истражувачот Сји Ли, гостувајќи како предавач на универзитетот Мериленд, по потекло од Кина, четри години ги следел сателитските сники на Сирија, на кои се гледа јасно како таа земја постепено тоне во мрак. Резултатите на неговото истражување се објавени синоќа, во време кога судирите во Сирија, кои избиле во март 2011 година и однеле повеќе од 210 000 животи, влегуваат во петата година.
„Сателитските податоци не лажат“, рекол Ли за агенцијата АП. „Ноќните снимки се неверојатни. На сирискиот народ му е потребна помош“.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=uCtOQTtQYGI[/embed]Во мрак е 97 одсто од територијата на Алепа, некогаш најголем сириски град, и 35 одсто од територијата на Дамаск. Градот Раки, кој е практично престолнина на терористиката група Исламска држава, речиси е целосно во мрак - 96 одсто . Ли смета дека таквата состојба предизвикала раселување на населението, останувајќи без струја и оштетена инфраструктра, и истакнува дека снимките пружаат ретка можност да се согледа целата слика на кризата.
Тој и претходно со иста метода ги следел судирите во другите земји и вели дека во текот на геноцидот во Руанда пред 20 години околу 80 одсто од територијата на таа земја била без струја.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




