17 Декември, 2025
0.0709

(ВИДЕО) КАПИТУЛАЦИЈА: Знамето на „Новарусија“ се вее во Дебаљцево, Украинците се предаваат

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2015 17:08

Добивај вести на Viber

Стратешки важниот град Дебаљцево, на истокот од Украина, денеска после повеќенеделните борби, падна во рацете на проруските сили кои истакнале знаме на  „Новарусија“ , додека украинските трупи се повлекуваат, пренесуваат агенциите.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Порошенко потврди дека украинската војска се повлекува, додека проруските сили јавуваат дека заробиле повеќе стотици украински војници и тврдат дека се повлекуваат од некои територии.

„Украинската војска заедно со Националната гарда утрово ја заврши операцијата на планирано и организирано повлекување од Дебаљцево. Моќе да кажеме дека досега 80 одсто од нашите единици го напуштиле тој град“, рекол Порошенко во аудио пораката која ја објавила неговата прес служба.

Тој пред заминувањето на првата линија на фронтот ги пофалил украинските сили за исполнување на должноста во одбрана на Дебаљцево и рекол дека тие на светот му го покажале „вистинското лице на бандитите и сепаратистите кои имаат поддршка од Русија“.

Лидерите на проруските сили исто така навеле дека започнале повлкеување на тешкото наоружување од некои делови од линиите на фронтот каде се почитува примирјето, како што е Оленивка, јужно од Доњецк.

„Тоа е прв чекор. Не чекаме Украина да почне повлекување на оружејро со нас“, рекол портпаролот на проруските сили Едуард Басурин.

НАТО денеска ја повика Русија да ги повлече „сите свои сили“ од истокот на Украина, да прекине со поддршката на проруските сили и да го почитува Минскиот договор.

„Руските сили, артилерија и против-воздушни единици како и командни контролни елементи уште се активни во Украина“; рекол генералниот секретар на НАТО Џенс Столтенберг, пренесува АФП.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини г обвинила проруските сили дека отворено го кршат договорот од Минск и од нив побарала да ги запрат сите воени активности.

Могерини исто така, ја повика Русија да се придржува кон обврските и на набљудувачите на ОБЕ да им се овозможи пристап на Дебаљцево и другите места кои сакаат да ги посетат.

Германската влада го осудила напредувањето на проруските сили во Дебаљцево, нарекувајќи го тоа „јасно кршење“ на примирјето кое стапило на сила пред само три дена.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел Штефан Зајберт на конференцијата за медиуми во Берлин изјавил дека офанзивата на проруските сили на Дебаљцево „претставува значајно кршење на договорот од Минск и ја гаси надежта дека на истокот од Украина би молеж да настапи мир“, пренесува АП.

Спогодбата за примирјето во Украина „не е мртва“, и покрај тоа што проруските сили го заземале стратешки важниот град Дебаљцево, рекол портпаролот на француската влада Стефан Ле Фол најавувајќи дека лидерите на Франција, Германија, Украина и Русија вечерва телефонски ќе разговараат за украинската криза.

Синоќа Советот за безбедност на ОН ја усвоил руската резолуција во која се поддржува договорениот прекин на огнот во Украина, истакнувајќи ја потребата за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“