19 Декември, 2025
0.0404

(ВИДЕО) КАСАМИ СО ПРОВОКАТИВНА ИЗЈАВА: Вели после Косово, Македонија да стане албанска држава

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2023 15:11

Добивај вести на Viber

Teтовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами, синоќа во Тетово, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија, повика на единство меѓу Албанците. Тој упати провокативна изјава. 

„Косово да стане втора албанска држава, а по Косово, зошто да не и Македонија“, објави весникот Лајм.

Повика на обединување и на Прешевската долина. 

Овие коментари Касами ги даде на настанот организиран во Тетово, каде Европската лига за промени, на која припаѓаат Беса, Алтернатива и Демократско движење, официјално ја потпишаа декларацијата за соработка под името „Европска лига за промени“.

Во август годинава, тој пушташе во употреба улица во Општина Тетово и изјави за медиумите така што се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „Аолема Албанија“ и албанското национално знаме.

Претходно, при посета на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово, исто се вееше знамето на „Голема Албанија“. 

Вчера имаше инцидент на Попова Шапка. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. 

фото принтскрин


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот