Видео: Кенгур удри бокс на дете, мајка му снима и се смее
Објавено во: Свет 14 Август, 2017
Кенгурите се национална гордост на Австралија, а како еден од најневообичаените животински видови имаат многу специфично однесување. Тие се најчесто пријателски настроени кон луѓето и затоа бројните туристи во Австралија ретко имаат проблеми.
Сепак алфа мажјаците за да покажат доминација знаат да упатат удар. Таков еден инцидент се случи неодамна кога едно дете беше удрено со бокс од кенгур но, само затоа што многу се доближи за да ја погали птицата ему до него. Најбизарен момент од ситуацијата е мајката Тифани која наместо да се погрижи за синот се смее додека го снимаше ударот.