Видео Клик Плус: БЕСА и Алијансата против осомничениот Груевски да биде мандатар
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2017
Зијадин Села од ДПА Движење за реформи која е дел од Алијансата на Албанците и Билал Касами претседател на БЕСА, најверојатно ќе бидат дел од опозицијата бидејќи не прифаќаат влада во која мандатар ќе биде Никола Груевски, политичар против кој СЈО води бројни истражни постапки и обвиненија за кривични дела.
Села останува на тврдите позиции кога е во прашање Груевски, тој дури не сака ни да разговара со него телефонски се додека не излезе јавно и не им се извини на Албанците за своите негативни ставови.
Села, претпоставува дека владата меѓу Груевски и Ахмети сепак, е прифатена, но нема информации дали тука влегуваат и барањата од Албанската платформа.
Според Касами, пак БЕСА според бројот на освоени пратеници најверојатно ќе ја води албанската опозиција во парламентот, тие исто така не прифаќаат никаква владина коалиција со Груевски.
Вчера Касами и Села гостуваа одвоено во емисијата Клик Плус и двајцата со едночасовен разговор во кој ги истакнаа своите ставови за актуелната „замрсена“ политичка состојба.
Двата разговора со Касами и Села погледнете ги во продолжение.