Видео Клик Плус: Генерална проба пред порадикални протести - Ќе се додоговoрат ли ДУИ и СДСМ?
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017
ВМРО-ДПМНЕ полека ја вжештува атмосферата во очи на потенцијалниот договор за нова влада меѓу СДСМ, ДУИ и уште некоја албанска партија. Извици против предавниците или заштита на погрешните чекори на политичарите на власта, ќе има ли подгревање на тензиите.
ДУИ преговараше со едни па се договори со други. На крај повторно нема нова влада, Ахмети решава со месеци.
Народот се крева на протести, револуции, контрареволуции, маршеви. Самоиницијативно или партиски договорено?
Дали и кој манипулира со граѓаните? Имаат ли знаење и сила да им кажат СТОП на политичарите? Ќе си го вратат ли општеството во свои раце?
Одговор на овие прашања ќе добиете вечерва во дебатната емисија Клик Плус каде своите ставови ќе ги судрат Борис Дамовски, Ленин Јовановски и Агим Јонуз.
Гледајте вечерва Клик Плус од 21:30 на ТВ 21.