17 Декември, 2025
0.0389

(ВИДЕО) КРВАВИ СРПСКО-ТУРСКИ СУДИРИ ВО ИСТАНБУЛ: Убиен навивач на Црвена Ѕвезда

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2014 10:08

Добивај вести на Viber

Трагедија го засени поразот на српска Црвена Ѕвезда од турски Галатасарај во натпреварот од кошаркарската Евролига. Во судир меѓу навивачите на двата клуба смртно настрада еден 25-годишен српски државјанин, потврди Генералниот конзулат на Србија во Истанбул. Во Турција пристигнале околу 400 припадници на навивачката група „Делии“, но само 50 од нив имале карта за натпреварот. Според друга информација пак, карти имале сите, но не можеле сите да влезат во салата. Во тие моменти, пред салата дошло до судири и општа тепачка со турските навивачи, при што едно лице од гостинската навивачка група добило смртоносен убод со нож. Тој веднаш бил префрлен во болница, каде што лекарите се бореле за неговиот живот, но починал заради масовно крварење. Шефот на дипломатската мисија на Србија во Истанбул Зоран Марковиќ вели дека ја предупредувале турската полиција дека станува збор за натпревар од висок ризик, но нивната молба за поголемо обезбедување не била прифатена. „Ова е еден чин на непријателство, во време кога на Србија и забиваат ножеви од сите страни, во Турција да се забива нож во срце на српски навивач. Настанот е трагичен, јас сум потресен“, изјавил Марковиќ. Меѓу двете страни летале факели и камења, а турските медиуми јавуваат дека гостинските навивачи демолирале неколку излози и возила околу салата. http://www.youtube.com/watch?v=P8dQItpGcGA

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата