(ВИДЕО) „Мајкрософт“ има технологија која може да го промени животот на слепите лица!
Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2014 13:54
Експерти од „Мајкрософт“ и здружението на „Guide Dogs“ и „Future Cities Catapult“ работеа цели три години на случаите кои би го олесниле снаоѓањето во просторот на лицата со целосно или делумно слепило.
Проектот „Cities Unlocked“ има за цел подобрување на квалитетот на живот на слепите и слабовидните и тоа со помош на бежични слушалки опремени со жироскоп, ГПС уред и компас, кои создаваат „звучна панорама“.
Слушалките комуницираат со паметните телефони по пат на блутут и користат информации за локацијата преку мапи достапни на „Microsoft Bing“.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





Додатните информации слушалките може да собираат и од останатите уреди од цел град, а кои емитуваат новости и известувања за јавниот сообраќај, за можни работи и препреки на пат, како и угостителски, културни и останати објекти кои се наоѓаат во близина.Експерименталната фаза на проектот е спроведена во Рдинг, а за потребите на овој проект ширум овој град во Велика Британија по столбовите на јавното осветлување се поставени „блутут“ предаватели кои емитуваат информации релевантни за корисниците.
Слушалките се развиени заедно со компанијата „Aftershokz “ не се ставаат во уши, туку нивните звучници се преклопуваат на врвот на виличната коска. Корисникот слуша звуци преку внатрешното уво со помош на вибрации кои поминуваат низ коската без поместување на тапанчето. На тој начин е можно паралелно да се следат директиви кои доаѓаат од слушалките и да с слушаат звуци кои доаѓаат од непосредната околина.Освен информаци, слушалките емитуваат различно звуци како корисниците би ги извеле на вистинскиот пат.
Проектот „ Cities Unlocked“, како велат од Мајкрософт, е наменет за слепи и слабовидни лица и ја зголемуваат нивната мобилност во урбаните средини. Сепак, ваков систем би можеле да користат и лица без оштетување на видот - на ваков начин туристите без знаење на странски јазик би можеле поедноставно да се движат по непознати улици.