(ВИДЕО) Македонецот што учествуваше во грабежот на „ролекси“ осуден на доживотен затвор
Објавено во: Свет 20 Септември, 2014 11:28
Македонскиот државјанин Ѓерѓи Ѓин (36) и петмината членови на балканска криминална банда се осудени на доживотен затвор за ланскиот грабеж во кралството Бахреин на 1.4 милиони долари вредните „ролекс“ часовници.
Судот вчера ги прогласил за виновни сите шестмина обвинети за милионскиот грабеж - двајца Kосовци, двајца државјани на Албанија и по еден од Србија и од Македонија. На крадците им е досудена најстрогата затворска казна за кражбата на часовниците, за нападот на чуварот и за бегството со фалсификувани документи надвор од земјата. Kрадците с` уште не се фатени и по нив трага и Интерпол. Инаку според пресудата, само за кражбата на 80 „ролекс“ часовници тие се осудени на по 25 години затвор, но поради фактот дека се во бегство, дека сториле и низа други кривични дела во текот на грабежот, судот им досудил најстрога казна.
По грабежот, полицијата врз основа на видеоснимките од безбедносните камери во трговскиот центар во Бахреин, ги идентификува осомничените. Потерници беа издадени по Алију Рахман (30) од Србија, Франи Петрит (32) и Дедај Астрит (23) од Албанија, Екрем Гаши (35) и Абази Гентијан (24) од Kосово и Ѓерѓи Ѓин (36) од Македонија. Само два часа по грабежот тие го напуштиле Бахреин. Земјaта отворено бара помош од државите од каде што потекнуваат крадците да ги пронајдат и да ги екстрадираат. Шефот на бахреинската јавна безбедност, генерал Тарик ал Хасан, вели дека во работат на екстрадиција на осомничените.
Повеќе фотографии од грабежот можете да погледнете на овој линк.
Веста за грабежот беше објавена минатата недела, ако не ги знаете првичните детали прочитајте ги овде!
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




