(ВИДЕО) Маж на покривот на Вестминстерската палата ја крена на нога полицијата
Објавено во: Свет 08 Март, 2015 13:31
Лондонската полиција се распореди утрово околу дворецот Вестминстер - седиште на британскиот парламент - откако беше забележан маж кој се шета по покривот на историската зграда во центарот на британската престолнина, пренесува АФП.
Не е познат ниту идентитетот на човекот, ниту причините за неговото присуство на покривот. Според портпаролот на Скотланд Јард полицајците се обидуваат да најдат решение на инцидентот.
Би-Би-Си соопшти дека мажот на покривот бил сам и се движел многу мирно. Со раце во џебовите тој набљудувал случајни минувачи.
Покривот на Вестминстер веќе бил таргет за опасни акробации од страна на демонстрантите во различни пригоди, вклучувајќи ја и против изградбата на трета писта на лондонскиот аеродром Хитроу во 2008 година и акцијата на Гринпис минатата година.
Во дворецот Вестминстер се сместени Долниот дом и Домот на лордовите.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




