18 Декември, 2025
0.0401

(ВИДЕО) McCann најуспешен на фестивалот “Golden Drum”

Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2014 12:44

Добивај вести на Viber

На фестивалот “Golden Drum” агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa,  е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum). „По прогласувањето на McCann Белград за најуспешна агенција во нашиот регион за оваа година, наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите  McCann агенции. Горд сум што кон тој успех придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на  “Golden Drum” фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобрата услуга да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност-  рече по повод овој успех Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa. Кампањата Драма во такси која агенцијата McCann Белград ја направи за “Југословенскиот Драмски Театар” освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда (Silver Drum) во категоријата на директни кампањи, а влезе и во финалето во категоријата за ПР. Иновативниот и забавен оглас  за надворешно рекламирање „Pillar Workout“  за ланецот на фитнес клубови „FitCurves“ кој исто така го смислил креативниот тим на агенцијата McCann Белград  влезе во финале во категоријата надворешно рекламирање.  Агенцијата McCann Тирана,  која исто така работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда (Silver Drum) во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“  посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на “Golden Drum”. Фестивалот “Golden Drum” во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа јубилејното дваесет и прво издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи  и 291 агенции од 24 држави кои вкупно пријавија 1220 трудови. Трите наградени спотови можете да ги погледнете во видеата подолу: Драма во такси – Понапнато отколку во Шекспир http://www.youtube.com/watch?v=0Hb9ng5jLrs Драма во такси – Достоевски на белградските улици http://www.youtube.com/watch?v=VlkcsEf3lrQ Драма во такси – Венецијанска освета на српски начин http://www.youtube.com/watch?v=8Wl8KSbO_pQ Наградената кампања  „Ги почитуваме и живите“  можете да ја погледнете во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=WSGoj0zNPo4

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?