(ВИДЕО) Мигрантите повторно се обидуваат да влезат во Македонија
Објавено во: Балкан 06 Април, 2019
Нови инциденти се забележани во Диавата, а мигрантите се обидуваат да го напуштат местото каде што кампираа од вчера и се упатија кон Едомни за да ја преминат границата кон северна Европа.
Единиците на МАТ го засилија присуството кај местото на бунтот и ја растеруваат толпата со солзавец и шок-бомби.
Службениците од Министерството за миграциона политика успеаја да ги убедат некои да влезат во автобусите и да се вратат назад во организираните структури, при што поголемиот дел од мигрантите сеуште остануваат на самото место.