(ВИДЕО) Мир во источниот дел на Украина: Инциденти има, но главно се почитува примирјето
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2015 11:24
Примирјето во источниот дел на Украина се почитува освен некои локални ициденти, кои треба брзо да се решат, стои во денешното соопштение од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел.
Тие двајца разговарале со претседателите на Русија и Украина околу договорот постигнат во Минска на 12-ти февруари сложувајки се да продолжат со наредните чекори предвидени во тој договор, стои во понатамошното соопштение кое го пренесува Ројтерс. Во соопштението се наведува повлекување на тешкото вооружување под надзор на ОБСЕ, како и почеток на дијалог во превец на одржување на локални избори на истокот во Украина.
Оланд и Меркел изразуваат целосна согласност за резолуцијата на советот за безбедност ОН која се поврзува со мерките предвидени по договорот во Минск, пренесува АФП.
Огнот нагло прекина по полноќ на поголемиот дел во источна Украина согласно со договорот за прекин на огнот, постигнат после еднонеделните дипломатски активности кои ги предводеа Франција и Германија.
Украинските сили го кршеле примирјето и пукале во позициите како самоодбрана на Јанкјев, Горловка и на аеродромот во Доњцек, јавија руските медиуми.
Проруските сили најавиле дека нема да го почитуваат примирјето во стратешки важниот град Дебаљцево, кое го опколиле украинските трупи.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




