(ВИДЕО) Морничаво: Црна маса „проголта“ село во Швајцарија
Објавено во: Свет 10 Август, 2018
Поплава од кал и камења речиси затрупа село во Швајцарија и тоа со сливање на густа маса по корито на река во местото Шамосон.
И покрај опасноста што поплавата ја носеше со себе, случајните минувачи направија видео снимки, кои за кратко време беа преземени од голем број медиуми во светот.
Сега за сега е регистрирана само материјална штета на неколку автомобили и куќи.