17 Декември, 2025
0.0371

(ВИДЕО) МУ „ПУКНАЛ“ ФИЛМОТ: Зошто вооружен маж се закануваше пред српската Влада?

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2014 12:59

Добивај вести на Viber

Неисполнето политичко ветување од 2006 година дека на воените пензионери ќе им бидат зголемени пензиите - ова според српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, кој се сретна со вооружениот човек откако тој го предаде оружјето на полицијата. http://www.youtube.com/watch?v=OL9USaoOCSY „Во периодот на 2006 година тогашната власт во рамките на своите претходни активности на сите воени пензионери им ги зголеми пензиите за 10%, но без намера покачувањето да им го исплати, затоа што после донесоа одлука да не биде исплатено. По мова воените пензионери ја тужеа Србија и Министерството за одбрана, а судовите носеле различни одлуки - на неко дека им припаѓа покачување, а на некои не“, појасни Гашиќ. Тој најави дека ќе разговара со министерот за финансии и незадоволните воени пензионери за конечно да се најде решение за овој проблем. „Тој човек е пензиониран релативно млад, два пати е рануван во војна. Премиерот и јас го разбираме и по налог на премиерот наскоро ќе се сретнам со министерот за финансии да ги повикаме тие луѓе не разговор, да им ја објасниме ситуацијата во која се наоѓа државата и да најдеме решение за тие луѓе, бидејќи нам не ни е цел некој да биде оштетен“, нагласи Гашиќ. Пензионираниот потполковник, кој вооружен се закануваше пред зградата на српската Влада, се соочувал и со нерешено станбено прашање, но ја сфатил својата грешка, по што бил испратен на лекарски преглед. „Нас сега не напаѓаат дека не е уставно да ги намалиме платите и пензиите за 10% за да ја спасиме државата, а дали беше уставно кога без размислување ги подигаа и платите и пензиите, без да знаат дали тоа во некој рок ќе може да се исплати и дали буџетот ќе го издржи товарот на нивните предизборни ветувања?“, праша Гашиќ.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата