18 Декември, 2025
0.0444

(ВИДЕО) Мумии, скелети и изгубени светови – Топ 10 археолошки откритија во 2014 година

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2015 20:00

Добивај вести на Viber

Уредничкиот тим на „Archaeology“ на Американскиот институт состави листа од десет најважни археолошки откритија во 2014 година. Новите „вести“ од грчки амфиполис покажаа како археологијата може да ја заскокоткаа фантазијата на јавноста, импресивното откритие на брод кој пред 170 години потонал во близина на брегот на денешна Канада доаѓа по десетици науспеси во потрагата, во текот на 2014 година археолозите ги анализираа погребните покривки стари 6.000 години од Египет и притоа научија многу за процесот на мумификација, а скелетот пронајден во потопена пештера во Мексико фрли силно светло на врската помеѓу првите луѓе кои стигнале на американското копно и современите Индијанци. Овогодинешните топ десет откритија доаѓаат од сите краеви во светот и датираат од различни векови, но информациите на „ Archaeology“ се обединети во докажувањето на способноста на археологијата да ја откријат скриената вистина и истите потсетуваат дека секогаш постои „уште“ што може да се научи за минатото. АМФИПОЛИС – Решение на мистеријата Грците го објавуваат идентитетот на таинствениот скелет од гробницата за која веруваат дека е на Александар Македонски. 1.Наја – Скелет на девојка стар 13.000 години [embed]http://www.youtube.com/watch?v=R2i3I8MxmU4[/embed] На полуостровот Јукатан уште во 2007 година нуркачки екипи во една поплавена пештера позната како Хојо Негро (црна дупка) пронајдоа речиси недопрен скелет на 15 годишна девојка која е наречена Наја, според грчките водни нимфи. Археолозите во 2014 година открија што дознаа од различните анализи на забите и коските. Се испостави дека Наја живеела пред 12 – 13.000 години што пак ја прави една од најстарите луѓе до сега пронајдени во Америка. Генетската структура потсетувала на денешните Индијанци но черепот и бил сличен на Кеневиковиот човек, скелет стар 9.000 години кој му припаѓал на ловец и кој бил откриен во 1996 година во близина на границата на Вашингтон и Орегон. Ловецот имал поголем череп со потесно лице во споредба со предците на денешните Индијанци. Тоа, според експертите, овие двајца палеоамериканци имаат потекло од ист извор, група која како што се верува која со години била изолирана во Беринг, копнена маса која некогаш ги побрзувала Азија и Америка. 2.Тврдината на Синозабиот slika2 Второто откритие на листата е тврдината на Синозабиот која се наоѓа во Данска. На поле југозападно од Копенхаген се наоѓаат остатоци од тврдина за која се верува дека ја изградил Хералд „Синозабиот“ Гормшон, викиншки воин од 10 век кој станал вистински крал на Данска. Станува збор за првата тврдина која е пронајдена на овие простори во изминативе 60 години. Постојат уште четири тврдини изградени од времето на Синозабиот, околу 980 година, а новото откритие нуди можност да научиме повеќе за владеењето на кралот кој го донел христијанството во Данска и ја вовел институцијата Влада. 3.Мумификацијата датира уште пред времето на фараоните slika3 Со анализа на египетски погребни покривки кои во британскиот музеј Болтон биле изложени од 1930, археолозите дошле до сознание дека древните Еѓипќани со мумификација на мртвите почнале уште од 4.300 година пред нашата ера, што пак е за околу 1.500 години подоцна отколку што претходно се мислело. Ленените покривки потекнуваат од гроб во Бадари, регион во Горен Египет, и со анализи било утврдено дека на нив постојат остатоци од борова смола, шеќер, гума, масти и ароматични масла, како и морски сунгери, се она што и подоцна се користели во процесот на мумификација. Интересно е тоа што најблиската „дестинација“ за пронаоѓање на борова смола била на територијата на денешна Турција, што пак покажува дека Еѓипќаните многу патувале. Интересно е и тоа што мумиите во почетокот била завиткувани само околу главата, стапалата и дланките, а дека завиткувањето на целото тело, вадењето на внатрешните органи и полнењето со сол биле понатамошна пракса. 4.Потопена византиска базилика slika4 На листата се најде и потопена византиска базилика во езерото Изник во Турција. Древниот град Никеа се наоѓа на речиси 100 километри од Истамбул, на брегот на езерото Изник, а овој град не му бил непознат на археолозите, но биле шокирани кога за време на рутинско надгледување на езерото од воздух ги забележале контурите на црквата (базилика) кои потекнуваат од петтиот век. Езерото сега ќе биде претворено во подводен археолошки музеј. 5.Еребус и Терор slika5 Ретко кое археолошко откритие е објавено од страна на шефот на државата но токму тоа се случи кога археолозите открина остатоци од брод во ледените арктички води во близина на Канада. Премиерот Стивен Харпер во септември минатата година соопшти дека по повеќедецениска потрага, решена е една од најголемите мистерии на Канада – пронајдени се два бродови кои биле дел од Френклиновата експедиција и кои исчезнале во 1846 година. Сер Џон Френклин командувал со експедиција составена од два брода, Еребус и Терор, и тргнал од Англија во мај 1845 со цел да пронајде Северозападен премин. Бродовите исчезнале без трага и со децении предизвикувале фантазии кај истражувачите, археолозите и авантуристите, а археолозите конечни минатата година потврдија дека го пронашле токму Еребус. 6.Декодирање на неандарталската генетика slika6 На листата главни откритија за 2014 година се најде и таканареченото декодирање на неандарталската генетика. Првиот „нацрт“ од генетскиот код на Неандарталците бил објавен во 2010 година, а истражувачите од универзитетот во Ерусалим и Институтот Макс Планк, подлабоко ја истражиле епигенетиката, област која утврдува кои гени се активни, а кои не, што пак влијае на „карактерните особини“ кај некои лица. Научниците споделија интересни траги според кои телото и мозокот на модерниот човек се развиле од „раскинувањето“ со неандарталците. Се испоставило дека гените кои влијаат на обликот на телото биле многу неактивни кај неандарталците, а многу активни кај нас. Иако тие гени се исти и кај неандарталците и кај модерниот човек, поради нивната неактивност неандарталците имале големи дланки, пошироки колена и лактови и пократки бутни коски. Исто така, голем број гени кои влијаат на психичките и невролошките болести, како алцхајмеровата, аутизмот, шизофренијата, активни се кај модерниот човек но не и кај неандарталецот. Активноста на овие гени овозможила поразлично „вмрежување“ на нашиот мозок но исто така го зголемила и ризикот од болести. 7.Најстариот будистички храм во светот slika7 Ова откритие поттикна дискусија за тоа во кое време всушност живеел Буда. Археолошките откритија во Лумбини, Непал, овозможиле нови детали по однос на првите години од настанувањето на будизмот. Според традицијата, Лумбини не местото каде Маја Деви го родила Сидарт кој подоцна станал Буда. Голем број древни будистички храмови потекнуваат од третиот век пред нашата ера за време на владеењето на Ашока, кралот на Мауријанската династија кој прв почнал да го шири будизмот. Под остатоците од еден храм од овој период, археолозите пронашле древна структура над која подоцна биле подигнувани храмови. Подоцна се испоставило дека оваа структура потекнува од шестиот век пред нашата ера што пак е сведок дека тоа е најстариот будистички храм во светот. Откритието, исто така, поттикнало дискусија за тоа во кое време живеел Буда, а археолозите сега работат во храмот кој е отворен за јавност, помеѓу молитвите и посетите кај свештениците. 8.Амфиполис slika8 Пред четириесет години северно од Солун беа пронајдени остатоци од гробница во древниот антички град Амфиполис и тогаш се верувало дека станува збор за огромна гробница или споменик каде се сместени коските на некоја многу важна личност. Ископувањата биле прекинати и истите повторно продолжиле во 2012 година, кога биле откриени делови од ѕид кој го обиколувал гробното место. Минатото лето, тим археолози пронајдоа прекрасни предмети во гробницата, вклучувајќи го тука и влезот на гробницата кој го чуваат две свинги, низа кариатиди, подови од мозаици, мермерни врати и делови од бројни скулптури, што пак предизвика шпекулации во Грција но и во светот дека станува збор за гробот на некоја многу важна личност од времето на Александар Македонски. 9.Откривање на 22 илјади римски парички slika9 Археолог – аматер со детектор за метал пронајде на југозападот на Англија една од најголемите колекции на римски парички. Станува збор за 22 илјади парички од периодот од 260 – 340 година, кои биле пронајдени во Ситон Даун во Девон. 10.„Церемонијален пејзаж“ во Стоунхенџ slika10 Како Стоунхенџ да не е доволно спектакуларен, археолозите со користење на ласерски скенери од воздух, радари и други геофизички технологии минатата година открија дека 5.000 години старите камени столбови се дел од поширок неолитски ЊЦеремонијален пејзаж“, односно дека под Стоунхенџ и низ цела Салсберија се наоѓаат 17 нови споменици и повеќе од стотина археолошки наоѓалишта вбо вид на мали храмови, гробници и големи јами.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“