(ВИДЕО) На најголемиот „Times Square“ рекламирање чини 2,5 милиони долари
Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2014
На „Times Square“ во Њујорк е поставен гигантски рекламирачки „ХД“ екран.
Станува збор за најголемиот и најскап екран во историјата на „Times Square“ . Висок е осум ката и подолг од фудбалско игралиште.
Оваа недела големиот екран ги запали своите речиси 24 милиони ЛЕД пиксели, прикажувајќи дигитална изложба, а првиот вистински клиент ќе биде „Гугл“ кој следната недела ќе почне да се рекламира на него. Цената на месечна реклама на „билбордот“ изнесува повеќе од 2,5 милиони долари, наведува New York Times.