(ВИДЕО) НАПАД ВО МАРСЕЈ: Маж со автомобил газеше луѓе
Објавено во: Свет 21 Август, 2017
Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени во францускиот град Марсеј кога автомобил влета во маса луѓе на автобуска станица, јави агенцијата АФП.
Според некои француски медиуми, автомобилот го повторил истото на две автобуски станици и можно е да има повеќе повредени. ИСИС веќе се јавил со соопштение дека станува збор за лавовски напад.
Француското обвинителство ја исклучи можноста нападот во Марсеј, кога комбе влета на луѓе на две автобуски станици, да е акт на тероризам. Според најновите проценки, во прашање е психијатриски, а не терористички случај. Осомничениот е роден во 1982 година има француско државјанство и не им е познат на разузнавачките служби туку само на локалната полиција за ситни кражби, носење оружје и поседување дрога. Француските медиуми пренесоа дека околу 100 дополнителни полицајци се распоредени во одделни квартови на Марсеј.
Attestation d'un suspect sur le vieux port.@BFMTV @RMCinfo pic.twitter.com/Wm01vLxkcd
— jcsaltarelli (@jcsaltarelli1) August 21, 2017