(ВИДЕО) НАПАД ВО РУСИЈА: Маж во супермаркет избоде луѓе со нож
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2024
Напад се случи во Русија. Во градот Санкт Петербург маж нападнал луѓе со нож во супермаркет при што шестмина се повредени.
Како што објави рускиот портал Фонтанка, напаѓачот е приведен. Според извештаите на очевидците, осомничениот прво фрлал шишиња кон другите.
St.Petersburg, Russia
— LX (@LXSummer1) October 25, 2024
Knife Attack
Today an unknown person attacked customers of the Okey hypermarket with a knife. Four people were injured!!!
The footage shows drops of blood all over the floor, people fussing and looking for a first aid kit. At the end of the video,… pic.twitter.com/qnc1aukivl
Потоа ги грабнал ножевите и замавнал наоколу, прободувајќи двапати еден чувар. Посетителите на хипермаркетот се обиделе да го избркаат напаѓачот.
Четири лица завршија во болница. Осомничениот е идентификуван како 44-годишен локален жител. Мотивот за нападот не е познат.
Покрената е кривична постапка по членот за обид за убиство на повеќе лица, соопштија од Градскиот Истражен комитет.
Во селото Петропавловскаја на периферијата на главниот град на Чеченија, Грозни, вчера беше нападнат конвој на руската национална гарда (Росгвардија), при што загина еден војник, а друг беше ранет, пренесе руски сервис на Би Би Си. Се смета дека напаѓачите се Чеченци.
— Pluton (@Pluton45873221) October 25, 2024
Годинава имаше повеќе напади во Русија. На 12 октомври, во Ингушетија во напад загинаа три лица. Во септември за кратко време во две училишта ученици извршија напад со чекан.
Во муслиманскиот регион Дагестан, во јуни, во престрелки имаше најмалку 20 загинати.
Во март имаше терористички напад во салата Крокус во Москва, каде загинаа над 140 луѓе, а нападот во извршија Таџикистанци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.