(ВИДЕО ЗАВИСНИК ОД ДРОГА И МЕНТАЛНО БОЛЕН: Откриени детали за возачот во Мелбурн кој прегази пешаци!
Објавено во: Свет 21 Декември, 2017
Мажот кој со џип покоси пешаци во Мелбурн и при таа прилика повреди најмалку 14 луѓе е зависен од наркотици и ментално болен, соопштува полциијата.
Возачот е државјанин на Австралија со потекло од Авганистан, и имал психички проблеми и долга историја на користење наркотици.
Се додава дека 32-годишниот маж и бил познат на полцијата и дека е префрлен во болница. Меѓутоа нема никакви докази за тоа дали е поврзан со некоја терористичка група.
Освен него, уапсен е и еден маж недалеку од местото на несреќата за кој е откриено дека има ножеви во торбата.
Полицијата соопштила дека возачот тоа го направил „намерно“.