(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО АРГЕНТИНА: Полицијата употреби гумени куршуми и водени топови
Објавено во: Свет 02 Февруари, 2024
Насилни протести имаше денеска во Аргентина поради економските проблеми.
Полицијата употреби гумени куршуми и водени топови против демонстрантите пред Конгресот на Аргентина додека пратениците расправаа за огромниот предлог-закон за реформи на претседателот Хавиер Милеи. Дел од граѓаните не се сложуваат со контроверзните мерки кои треба да ја избават државата од инфлацијата која е 200 отсто. Мерките вклучуваат приватизација на бројни државни претпријатија, измена на даночните и изборните закони, но и трансфер на дел од законодавната власт на владата. Аргентинските медиуми објавија дека демонстрантите ги тепале полицајците со парчиња дрво.
„Не можеме да одржиме седница под овие околности“, рече левичарскиот пратеник Маријано Дел Кано.
Втората по големина економија во Јужна Америка има пренатрупан државен апарат, ниска индустриска продуктивност и огромна сива економија. Околу 40 отсто од жителите се на работ на сиромаштијата. Досега Аргентина неколкупати доживеа банкрот. Аргентина одби да се приклуќи на БРИКС, а валутата е девалвирана.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.