(ВИДЕО) НЕКОЈ АГРЕСИВЕН, НЕКОЈ РАСПОЛОЖЕН: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа во партијата
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017 21:08
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа во седиштето на партијата каде што во моментов на Извршен комитет носат одлука за идната влада.
Дел од нив при пристигувањето на состанокот беа пречекани од новинарските екипи кои љубопитни поставуваа прашања и се обидуваа да откријат детал повеќе .
Меѓутоа, дел од нив не сакаа да коментираат ништо, а Антонио Милошоски расположен даде кратка изјава во која рече дека вечерва ќе се одлучи што ќе се прави.
„Вечерва ќе одлучиме што и како ќе правиме, не можам ништо да соопштам се додека не почне Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш ќе се дискутираат сите опции“, рече Милошоски кој одбегна да ги коментира информациите кои се објавуваат во медиумите за преговорите и состанокот кој се одржува во ДУИ.
Милошоски не сакаше да коментира за преговорите со ДУИ, како и за очекувањата од состанокот на централното претседателство во Мала Речица.
Пратеничката Даниела Рангелова реши да ги стави „на игнор“ новинарите и кратко одговарајќи рече дека „Граѓаните одлучиле“ и влезе во партијата.
Најагресивен на новинарските прашања сепак се покажа Филип Петровски.
Тој брзајќи да избега од новинарите при влезот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со раката ги оттурна микрофоните во негова близина.
Засега идната влада и старо-новата коалиција на Груевски и Ахмети е неизвесна.
Видео: Тв21 и Нова Тв.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




