(ВИДЕО) Незапамтена трагедија: Седум лица загинаа од експлозија пред детска болница во Мексико Сити
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2015 18:53
Седум лица загинале, а најмалку 54 се повредени, меѓу кои и 22 деца, во експлозија на гас во близина на детска болница во Мексико Сити, соопштуваат градските власти.
Шефот на националната агенција за цивилна заштита Луис Филипе Пуенте потврдил дека седум лица се загинати, јавува Ројтерс.
Пожарникарите и спасувачите ги пребаруваат рушевините, а градоначалникот на Мексико Сити Мигел Ангел Мансера изјавил дека мора да се направи евакуација од безбедносни причини бидејќи има многу бебиња, пренесува АФП.
Претставници наведуваат дека не се знае уште колку лица се наоѓаат под рушевините на болницата, а дека 37 лица се префрлени во болница додека останатите се здобиле воглавно со лесни повреди.
Околу 40 одсто од зградата на болницата е оштетена од експлозијата која се случила кога се запалил товарен камион утрово во текот на транспорт на гас.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел





