16 Декември, 2025
0.0385

(ВИДЕО) Никој не смее на овој остров – има причина ЗОШТО!

Објавено во: Свет 02 Јули, 2014 20:27

Добивај вести на Viber

Островот Илха де Кеимада Гранде, на само 32 километри од брегот на Сао Паоло во Бразил, е забранета зона - толку е опасен што бразилската Влада сосема забрани да се посетува. Причината за тоа е што овој остров е дом за 4.000 најопасни змии на светот, кои ловат дури и птици во лет, а убиваат со отров кој може да го стопи човечкото месо. Илха де Кеимада Гранде, дом на Златната змија, можат да го посетуваат само неколкумина научници со посебна дозвола од владата, за да ги проучуваат змиите. Исто така, повремено на него одат и припадници на бразилската војска за да го одржуваат светилникот изграден уште во 1909 година. Се верува дека на островот одат и ловокрадци, кои ги ловат змиите и на црниот пазар ги продаваат за 30.000 долари за парче. Зошто змиите на овој остров се толку опасни, до некаде е мистерија. Според една теорија, пред 11.000 години нивото на морето се подигнало и го раздвоило овој остров од Бразил. Змиите на него останале со ограничени ресурси и единствено што можеле да пронајдат за храна биле птици кои мигрираат. Затоа морале да го прилагодуваат и својот начин на лов. За да почне нивниот отров да делува најпрво било потребно долго време, понекогаш и неколку дена. Но, до моментот додека отровот да ја убие птицата, таа веќе би била на друго место. Затоа организмот на змиите развил толку силен отров, што убива речиси веднаш. Во последните 15 години, сепак популацијата на змии на островот е намалена за 15%, најмногу заради промената на вегетаијата и болести, така што тие иако се опасни, се наоѓаат на списокот загрозени видови. http://www.youtube.com/watch?v=jqJ0GA4k1RE#t=66

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“