ВИДЕО: Обвинение за таткото-тепач на малолетните фудбалери од ФК Брегалница
Објавено во: Македонија 29 Август, 2025 14:28
Обвинителството поднесе обвинение против таткото тепач на малолетни фудбалери, кој во неделата, на крајот на натпреварот на младинците на ФК Шкендија и ФК Брегалница влезе на теренот и им нанесе тешки телесни повреди на двајца од фудбалерите на ФК Брегалница.
„Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 24 август, на фудбалскиот стадион “Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу пионерските екипи на фудбалските клубови “Брегалница“ од Штип и “Шкупи“ од Скопје, обвинетиот со грубо насилство ја загрозил сигурноста на оштетените две 15-годишни деца, кои биле играчи во тимот на ФК “Брегалница“. На децата им нанел телесни повреди, а кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на обвинетиот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот. Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство – Штип претходно поведе постапка против него за сторено кривично дело – Насилство.
Тој влезе на теренот откако неговиот син доби втор жолт, односно црвен картон на крајот на натпреварот, по што почна да удира по другите фудбалери. Фудбалерите кои имаа повреди по нападот се родени во 2010 година.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




