(ВИДЕО) Очај во Хрватска поради кризата, вака германската новинарка ја опиша состојбата
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 01 Јули, 2020
Германскиот јавен сервис снимил шестминутно видео за Хрватска со име - „Очај на Јадранот“.
Се наведува дека во Хрватска едвај има по некој турист и дека луѓето коишто работат во туристичкиот сектор се финансиски погодени.
„Вака изгледа криза во Хрватска“, вели новинарката од германската телевизија додека во видеото оди кадар од над 100 празни јахти кои што се закотвени на пристаништето.
Таа додава дека недостасуваат патници.
Новинарката наишла на германски туристи во Сплит на кои што им се допаѓа тоа што нема метеж таму и што е многу поевтино од ланската сезона.
Koрона кризата го диктира општественото живеење.
Иако имаше прогнози дека хрватскиот туризам во јуни ќе се нормализира, сепак тоа не се случи.
2.831 позитивен случај има во Хрватска, а починаа 108 луѓе од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.