Видео од „Facebook“ веќе ќе може да се вградува во други сајтови
Објавено во: Мои пари 27 Март, 2015 08:15
Видео од „Facebook“ веќе ќе може да се вградува во други сајтови, слично на клипови од „YouTube“ и мноштво на други видео портали.
Социјалната мрежа ја претстави новата функција за време на својата конференција F8.
Функцијата веќе е достапна за корисниците. Условот е видеото да е качен во самата социјална мрежа, а не да се сподели само линк кон него, кој води на друго место.
Процесот на вградување е идентичен на оној на сите останати видео портали. Корисникот треба да кликне на менито кон видеото и да избере „Embed this Video“. Ќе добие “HTML“ код кој треба да вметне во публикацијата на блогот или сајтот.
Новата функција е чекана подолго време, особено откако „Facebook“ почна се повеќе и повеќе да се претвора во конкурент на „YouTube“.
Социјалната мрежа го подобри вградениот видеоплеер, го додаде бројот на гледање, го подобри квалитетот на видеото.
За време на конференцијата „F8“ основачот на „Facebook“ Марк Цукерберг посочи дека видеото ќе станува сé поголем фокус на социјалната мрежа.
Тој најави дека пред пет години главниот сообраќај на „Facebook“ бил генериран од текст, денес - од фотографии, како што очекува по пет години видеото да стане омилено средство за комуникација и споделување помеѓу корисниците.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




