16 Декември, 2025
0.0548

ВИДЕО ОД ШВЕДСКА КОЕ ГО „ЗАПАЛИ“ ИНТЕРНЕТОТ: демонстранти следат министер низ улиците, еве што направи да не му влезат дома

Објавено во: Свет 11 Септември, 2025 12:19

Добивај вести на Viber

Шведската политичка сцена е потресена од инцидент што предизвика бран осуди меѓу високите државни функционери

Група пропалестински демонстранти вербално го нападнаа шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин додека се враќал дома од состанок во понеделник вечерта.

Во видеото што го сподели самиот министер на социјалните мрежи, може да се видат активисти како го следат и извикуваат „Срам да ви е!“.

За да избегне група демонстранти да дојдат пред неговиот праг, Болин се вратил во зградата на парламентот.

Денот по инцидентот, Болин, во гостување на јавниот радиодифузен сервис СВТ, го оцени однесувањето на активистите како „опасно и неприфатливо“.

- Каде е линијата што се подготвени да ја преминат? Ова повеќе не е протест, туку притисок што ги загрозува институциите - рече министерот, додавајќи дека државата мора да застане зад својата еврејска заедница.

Неговата колешка од владата, министерката за енергетика Еба Бус, ги нарече активистите „варвари“ и ги обвини дека директно ги напаѓаат фундаменталните вредности на шведската демократија.


„Во земја со долга традиција на слобода на говор, ваквото однесување е неприфатливо. Очекувам итен полициски одговор и разгледување на нови закони за заштита на политичарите“, напиша Бус на мрежата X.

Премиерот Улф Кристерсон, исто така, се огласи, велејќи дека секој е слободен да го изрази своето мислење за Блискиот Исток, но дека „никој нема право да заплашува или прогонува избрани претставници на народот“.

„Ова не е изразување мислење, ова е обид за влијание врз политиката со сила“, предупреди премиерот, повикувајќи на единствена осуда од сите политички партии.

Полицијата веќе отвори истрага, а според извештаите во весникот „Свенска Дагбладет“, во тек е идентификација на вклучените во инцидентот.

Фото: Принтскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“