16 Декември, 2025
0.0353

(ВИДЕО) Ова е аеродромот вреден 15 милијарди евра, а голем колку 4.000 фудбалски стадиони!

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2014 20:56

Добивај вести на Viber

Авиокомпанијата Катар Ервејз (Qatar Airways) во целост премина на новиот аеродром во Доха - Хамад Интернешенал, во кој се вложени неверојатни 15 милијарди американски долари. Како што соопшти денеска компанијата, преминувањето на овој аеродром претставува пресвртница во 17-годишната работа на овој превозник. Новиот аеродром се наоѓа на 16 километри од центарот на градот и на четири километри од досегашниот аеродром во Доха, а се простира на површина од 29 километри квадратни, односно простор еднаков на 4.061 фудбалски терени или повеќе од 1/3 од површината на која се наоѓа градот Доха. Околу 60% од вкупната површина на која се простира овој аеродром е изградена со насипи на земја во морето, а повеќе од осум милиони кубни метри објекти и комерцијален отпад се отстранети за да се изгради аеродромот. Станува збор за најголемиот проект од областа на заштитата на животната средина во Заливскиот регион досега и еден од најголемите гринфилд аеродроми во светот. Почетниот капацитет на аеродромот ќе биде 30 милиони патници, а кога ќе биде комплетно завршен се очекува да може да прими и до 50 милиони патници годишно. Во еден час аеродромот има капацитет да прими 8.700 патници. Повеќе од 50.000 работници беа ангажирани на изградбата на аеродромот, со 1.000 архитекти, дизајнери, консултанти, инженери и проект-менаџери.Во него патниците во транзит можат за се чувствуваат како да поминуваат низ некоја галерија, затоа што имаат можност да видат дела на светски познати уметници. Освен ова, доколку имаат време до следниот лет, можат да се сместат во хотел со четири ѕвездички, да посетат базен, спа центар, фитнес центар или терени за сквош. Погледнете како изгледа ова чудо, додека уште не е довршено: http://www.youtube.com/watch?v=R2-8EtI56WQ http://www.youtube.com/watch?v=YkqbRseKeKM

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“