(ВИДЕО) ОВА Е НАЈГОЛЕМИОТ ХЕРОЈ НА СВЕТОТ: Руски хирург скокнал од 7 кат и го спасил синот!
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2015 18:58
Московецот Михаил Абросимов (34), кој работи како хирург на трауматологија во московската болница, скокнал од седмиот кат со синот во прегратка бегајќи од пламенот кој го зафатил нивниот стан.
Тој бил свестен какви последици тоа би можело да има по животот на неговиот син, но тоа им било, како вели тој, единствен излез, пренесува Раша тудеј.
Лекарот и неговиот четиригодишен син Арсеније, тешко се повредени, а лекарите велат дека ќе преживеат. Пожарот во станот избил кога се запалила елката на која светеле украсни сијалички.
Михаил во текот на ноќта прв се разбудил и го видел пламенот. Се обидел да го изгаси, но безуспешно. Ја извел неговата сопруга до скалилата а кога се вратил по синот Арсеније кој се сокрил во куќата и сфатил дека неможат да излезат преку вратата надвор и единствено решение бил скокот од седми кат.
Московскиот херој го заштитил неговиот син со горниот дел од телото и се фрлил низ прозорецот. И двајцата преживеале.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




