(ВИДЕО) Ова е вилата во која изгореа 26 луѓе
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2018
Во куќата на Џејсон Фрагос во Грција беа пронајдени дури 26 јагленисани тела додека беснееја пожарите.
Тој детството го поминал во оваа вила.
Вели дека за него овој објект бил „куќа од соништата“, а Мати омилено место.
Но, дел од луѓето во пожарите се спасиле, го нашле патот до морето, а 26 луѓе во вилата беа пронајдени мртви, при што меѓу нив имаше и деца.
„Тоа е и ќе остане тажен момент за мене и моето семејство“ - вели тој.
Фрагос додава дека иако телата се извадени, сепак местото изгледа застрашувачки.