(ВИДЕО) ПАДНАА ЖРТВИ: Азербејџан почна операција во регионот Нагорно - Карабах

Објавено во: Свет 19 Септември, 2023
„Врие“ во регионот Нагорно - Карабах.
„Азербејџанските сили се обидуваат да заземат населени центри во Карабах“, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Тој рече дека е во контакт со сепаратистичките лидери на Карабах и дека очекува руските мировни сили да реагираат за да се стабилизира ситуацијата. Вели дека Азербејџан почна копнена операција со цел етничко чистење на Ерменците од Карабах.
„Изјавувам дека Ерменија не е вклучена во вооружени дејствија и нема војска во Карабах“, рече Пашинјан во телевизиско обраќање.
Народниот правобранител за човекови права на Карабах, Гегам Степанјан изјави дека како резултат на нападот на азербејџанската армија се регистрирани „неколку жртви“ меѓу цивилното население на Карабах.
Азербејџанското Министерство за одбрана ги отфрли како „дезинформации“ извештаите за наводно гранатирање цивилни објекти за време на „антитерористички“ операции во регионот Нагорно-Карабах, велејќи дека цел биле само објекти воена инфраструктура.
„За време на локалните антитерористички активности извршени во регионот Карабах во Азербејџан, цивилното население и цивилните инфраструктурни објекти не беа на мета“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Единаесет азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина во уште еден инцидент. Во главниот град на Карабах одекнале сирени за воздушна опасност.
„Азербејџан треба „веднаш да ја прекине“ својата воена операција во спорната енклава Нагорно-Карабах“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Воените дејствија на Азербејџан треба веднаш да се прекинат за да се овозможи вистински дијалог меѓу Баку и Ерменците од Карабах“, напиша Мишел на платформата Х.
Планинскиот регион Нагорно Карабах и дел од околните територии се под контрола на Ерменија од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги поврати овие територии во војната во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, и оттогаш контингент руски мировници се наоѓа во Нагорно-Карабах.
Но, Пашинјан неодамна изрази жалење затоа што за гарантирање на мирот во регионот преговарале само со Русија, а таа не одговори соодветно.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА „ЕЛ ЊИЊО ЗИМА“: Ниски температури, големи количини врнежи, метеоролозите означија неколку држави како критични

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

(ВИДЕО) Шојгу откри кога ќе заврши војната во Украина

Сопственик на ресторан нуди плата од 11.000 евра, но се уште не може да најде работници

ЛОША ВЕСТ ЗА ПУТИН, НЕМА ПОКАНА ЗА САМИТОТ НА АПЕК - Руски дипломат: „демонстрација на нечесноста на американската страна“

„ПУТИН СО ПОМОШ НА ВУЧИЌ, ПРЕКУ КОСОВО, МОЖЕ ДА ГО ВТУРНЕ БАЛКАНОТ ВО ВОЈНА“: Шокантно тврдење на „Ди Велт“

(ВИДЕО) Синот на Кадиров тепа човек кој го запалил Куранот

КИНА ГО СЛАВИ СВОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ДЕН, ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ Е ПОЧЕСЕН ГОСТИН: Македонија и Кина 30 години градат цврсти односи
