(ВИДЕО) Почнува фудбалската треска – фудбал ќе се гледа и во Вселената
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2014 11:53
Светското фудбалско првенство, еден од најголемите спортски настани, започнува денеска во Бразил. Честа да го отворат овој Мундијал ќе ја имаат репрезентациите на домаќинот и на Хрватска, кои вечерва први ќе се соочат.
Навивачите од цел свет се подготвуваат за фудбалскиот спектакл, а фудбалското првенство ќе се гледа и во Вселената, на Меѓународната вселенска станица, соопшти НАСА.
Астронаутите од САД Реид Вајсмен и Стив Свонсон, како и од Германија Александер Герст ќе навиваат за своите репрезентации на оддалеченост од 230 милји од Земјата. Германија и САД ќе ги одмерат силите на 26 јуни.
Екипажот на Меѓународната вселенска станица испрати посебна видео порака на Земјата со која им посака среќа на сите тимови и играчи кои ќе заиграат во Бразил. http://www.youtube.com/watch?v=sLwW3pdXkFo Во чест на стартот на фудбалското првенство, НАСА направи фото споредба на големината на Меѓународната вселенска станица со фудбалски стадион.Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел





