(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ: Наставник го истепал својот син во училишен двор во тетовско
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2024
Родителот кој воедно му бил и наставник, го тепал својот син со аутизам во училишниот двор, пишуваат медиумите на албански јазик.
Наставникот по физичко образование А.С. во основното училиште „Абдил Фрашери“ во селото Боговиње го малтретирал својот син со аутизам, кој воедно бил и негов ученик.
На видео снимката која ја објавија повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставникот го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја.
„На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од ПС Камењане, во Боговиње-Тетово, го лишиле од слобода лицето С.А.(42) по претходна пријава од лицето А.А.(45) од истото село, бидејќи на 05.06. 2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал својот малолетен син“, соопшти полицијата.
Го задржале во полициска станица и по документирање на случајот против него, ќе следи соодветниот поднесок.
Министерот за образование, Јетон Шаќири најостро го осуди однесувањето на наставникот.
„Лично ќе учествувам во процесот на мониторинг и инспекција преку надлежните институции во надлежност на Министерството за образование и наука и ќе бараме одговорност, како и максимална можна казна“, вели тој
Порача наставниците да не користат насилство како мерка.