(ВИДЕО) Потресни снимки од Сицилија: Две лица загинаа, автомобили пливаат, најавено уште посилно невреме
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2021 08:22
Вистинските проблеми на Сицилија се очекуваат во петок, кога за само еден ден би можеле повторно да наврнат над 200 литри дожд на метар квадратен за само еден ден, а дополнително ќе има бурни и урагански ветрови.
Временските услови на Сицилија се смирија во ноќта меѓу вторник и среда, но во текот на четврток, а особено во петок, Сицилија и Калабрија повторно ќе бидат погодени од силно невреме.
Две лица загинаа на Сицилија за време на многу ретка циклонска бура, медитерански ураган. Не станува збор за вистински ураган, туку за некаква форма на хибриден циклон, кој со денови предизвикува хаос на југот на Италија.
Делови од Сицилија и Калабрија добија екстремни количества врнежи за два и пол дена.
Областа беше погодена од рекордни поплави, а особено беше погоден градот Катанија на Сицилија. За жал, невремето таму ја однесе и втората жртва, загина 53-годишен маж. Полицијата верува дека тој загинал во порој од вода, кога излегол од возилото и неуспешно се обидел да избега.
Спасувачите во понеделникот го пронајдоа безживотното тело на 67-годишен фармер во областа Катанија, а по неговата сопруга сѐ уште се трага.
Центарот на Катанија е целосно поплавен. Делови од градот се без струја од безбедносни причини, а сообраќајот во делот од градот е во прекин. Пожарникарите во текот на денот имале над 170 интервенции.
Вистинските проблеми на Сицилија се очекуваат во петок, кога за само еден ден би можеле повторно да наврнат над 200 литри дожд на метар квадратен за само еден ден, а дополнително ќе има бурни и урагански ветрови.
Foto: printscreen
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




