16 Декември, 2025
0.0390

(ВИДЕО) Приказни за ужасот под урнатините во Непал

Објавено во: Свет 06 Мај, 2015 10:02

Добивај вести на Viber

Репортерот на бугарската телевизија „Нова ТВ“ Надја Гечева раскажува како луѓето од главниот град, кои биле повредени помалку, веднаш ги оставиле своите куќи и се упатиле кон внатрешноста на земјата, каде што цели села биле уништени од силниот земјотрес.

„Првиот впечаток кога отидовме, беше дека луѓето не ја доживуваат оваа трагедија како трагичен и драматичен начин. Нивната филозофија и живот се многу различни од нашите. Најправин мојот впечаток беше дека без разлика каде одевме и независно колку се повредени луѓето со кои се соочуваме, тие доаѓаа да ни помагаат на нас. Не прашуваа да не ни треба помош“.

Ова го изјавила на репортерот Надја Ганчев, која беше специјален пратеник на „Нова ТВ“ во Непал.

„Сите локални луѓе постојано одат со маски на лицето, дури и пред земјотресот, бидејќи таму е многу прашливо. Проблемот е тоа што немаат како да заработат за да подолго време се без оваа маска“, додала таа.

Надја раскажа како луѓето од главниот град, кои биле повредени помалку, веднаш ги оставиле своите куќи и се упатиле кон внатрешноста на земјата, каде што цели села биле уништени од силниот земјотрес.

„Повеќето од настраданите куќи беа изградени само од тули и греди. Можеби тоа е и главната причина тие да паднат. Немаат никаква бетонска структура. Можеби најлошата изградба е причина да има толку многу жртви“, објаснил операторот Мирослав Михајлов.

Надја Ганчев која присуствуваше на настаните во Непал по силниот земјотрес раскажува дека е импресионирана од добрината на луѓето во Непал, „тие те тераат да ги засакаш по петтата минута“.

„Многу тешко беше да најдеме луѓе кои изгубиле некого од земјотресот, бидејќи кај нив тагата трае 13 дена, за тоа време тие седат затворени дома, не се среќаваат со никого и не излегуваат надвор“, додала Ганчев.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?