Видео: Путин им се заблагодари на воените пилоти кои се жртвуваа за него
Објавено во: Свет 14 Декември, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин имаше опасен лет во ненајавената посета на Сирија при што постоеше голема закана неговиот претседателски авион да биде гаѓан со ракети од земји од страна на преостанатите бунтовнички или џихадистички борци.
Неговиот авион го придружуваа повеќе модерни Сухои кои изведуваа тешки маневри со цел да го заштитат претседателот Путин.
Тој особено им е благодарен на пилотите кои летаа под самиот авион на претседателот со што го штитеа од можни испалувања на ракети како еден вид на жив штит пред успешно и безбедно да слета во Сирија.
Во воената база Латакија, претседателот Путин ја даде финалната наредба за повлекување на руските трупи од Сирија по успешната мисија за поразување на ИСИС и обезбедувањето на власта кон нова фаза на преговори за обнова на државата со опозициските сили.