(ВИДЕО) Путин призна за Крим
Објавено во: Свет 09 Март, 2015 12:36
Документарен филм покажува како Путин издава наредбата за агресија на Крим. Москва секогаш тврдела дека не е вмешана во отцепувањето на полуостровот од Украина, потсетуваат по овој повод германските медиуми.
Државниот канал „Русија 1“ емитуваше во неделата документарен филм во кој Путин зборува сосема отворено за околностите околу агресијата на полуостровот Крим и бегството на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Сеуште не е јасно кога ќе биде емитуван целиот документарен филм, кој содржи навистина сензационални кадри. Како што се оние во кои рускиот претседател Путин раскажува како на полноќ на седница со шефовите на службите за безбедност била планирана спасувачката операција за поранешниот украински претседател Јанукович, кој по масовните протести и тешки улични борби меѓу демонстрантите и силите на редот избегал на 22 февруари од Киев во Доњецк.
„Треба да си го вратиме Крим“
„Седницата траела до 7 часот наутро“, се сеќава Путин и додава: „Кога се разделивме, им реков на колегите дека треба да почнеме да работиме за враќање на Крим во Русија“. Четири дена подоцна тешко вооружена единица воспостави контрола над локалниот парламент во Крим, која набрзина закажа датум за спроведување референдум за пристапувањето на полуостровот кон Русија. Тогаш Украина проговори за „инвазија“ на Москва во Крим.
Иако имаше мноштво докази дека војниците без означени со знаци кои ги зазедоа стратешките населби на полуостровот, се руски војници, Москва одрекуваше да учествувала директно во оваа операција. На крајот Крим беше под агресија од Русија - по силата на еден долг референдум кој Киев и Западот продолжуваат да веруваат за легитимитет. Подоцна Путин призна за учество на руски воени единици, а германското списание „Шпигел“ потсетува за оваа врска дека руски војници патролирале во денот на таканаречениот референдум.
Во документарниот филм, кој е насловен „Патот кон татковината“, се вклучени и кадри на кои се гледаат руски борбени хеликоптери и тенкови. Одамна се сомнева дека Москва користела свои трупи за агресија на Крим. Никогаш досега Путин не згорел така отворено за тоа.
„За да нема многу приказни“
Во филмот, чиј датум на емитување уште не е соопштен, Путин зборува и за руската операција за спасување на Јанукович по бегството од Киев. „Сакаа да го убијат“, вели Путин. „Затоа решивме да го извадиме од Доњецк по копно, вода или воздух“, се сеќава шефот на Кремљ. За таа цел се користеше тешко оружје - „за да нема многу приказни“, како што се истакнува самиот Путин. Малку потоа Виктор Јанукович се најде во рускиот град Ростов. И оттогаш не се вратил во Украина.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?





