(ВИДЕО) Разоткриен: Џихадот Џон – програмер од Лондон!
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2015 18:05
Маскираниот џихадист на Исламската држава во Ирак и Левант (ИСИЛ) кој стана злогласен поради бездушното сечење на глави на заложниците конечно доби име и презиме - тоа е Мохамед Емвази, Британец од западен Лондон, по професија програмер открива Би-Би-Си.
Британските служби за безбедност знаат за Емвази со години наназад, но им избегал во 2006 година, кога отпатувал во Сомалија при што и се придружил на терористичката група Ал Шабаб. Во меѓувреме се вратил дома во Англија, па во 2012 избегал, овој пат во Сирија.
Негативецот инаку е од богато семејство, пораснал во Квинс парк и завршил информатика на Универзитетот Вестминстер и тоа како еден од најдобрите студенти.
Емвази го сврте вниманието на светската јавност кон себе во август минатата година, кога со нож му ја отсече главата на американскиот новинар Џејмс Фоли. Потоа на ист начин му пресуди на колегата на Фоли Стивен Сотлоф, британскиот хуманитарец и хрватски зет Дејвид Хејнс, британскиот таксист Ален Хенинх, хуманитаерцот Абдул Рахман, а последен пат се појави пред убиството на јапонските заложници Харун Јукав и Кенџи Гота.
Крвникот има кувајтско потекло а Вашингтон пост веднаш го пронајде неговиот пријател од детството.
„Веднаш знаев дека тоа е тој. Бевме како браќа. Да, сто посто сум сигурен дека тоа е тој ...“ рекол човекот кој останал анонимен.
„Тоа е чудно семејство, не се вклопува со околината. На никој не му се јавуваше, беше недруштвен“, вели еден од соседите во Квинс паркот за „Ивнинг стандард“.
Други велат дека бил учтив и имал обичај да носи модерна западна облека.
„Тоа е мислиманско семејство. Не се мешаат со нас, не се дружат, ниту разговараат со нас. Неодамна се иселија, но ни збор не ни кажаа“, вели друг сосед.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки






