(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна
Објавено во: Свет 22 Април, 2024
Русите ја гранатираа телевизиската инфраструктура на Харков. Жртви нема. Работниците биле на безбедно.
Информацијата ја потврди шефот на регионалната воена управа (ОВА) Олег Синегубов.
„Откако се огласија сирените, вработените се упатија во прифатилиштата. Во моментов има прекин во дигиталниот телевизиски сигнал“, се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.
Телевизиска кула висока 240 метри во украинскиот град Харков се скрши на половина и се сруши.
Русија првпат нападна телевизиска кула во Харков на почетокот на март 2022 година, непосредно по започнувањето на својата инвазија.
„Од средината на мај до почетокот на јуни Украина ќе биде во тешка ситуација, но без катастрофални последици“, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов за Би-Би-Си Украина.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, ја поздрави најавата на некои земји-членки дека конкретно ќе помогнат на Украина со испорака на противвоздушни системи и артилериска муниција.
A Russian air attack has just taken out the Kharkiv TV tower, according to regional head Oleh Syniehubov. He says no victims, workers were sheltering during the attack. The TV signal has been interrupted. Video and photo from local Telegram channels but confirmed by authorities. pic.twitter.com/RYBPhdiG6Z
— Christopher Miller (@ChristopherJM) April 22, 2024
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.