Видео: Руски „Супермен“ се фрла во ледена вода на Арктикот
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2017
Воздушно-десантските единици на Русија кои се стационирани на Арктичкиот круг изведуваат неверојатни егзибиции за тестирање на новата воена униформа. Еден од најхрабрите специјалци ја демонстрираше издржливоста на оделотo фрлајќи се во ледената вода покажувајќи вежби како да одржи баланс и да не се испаничи во такво сценарио. Погледнете го овој руски Супермен на дело.