14 Мај, 2024
0.0264

(ВИДЕО) САМО ТИЕ ЗНААТ ЗОШТО ПОТОНА ТИТАНИК: Кој ја заташка вистината за најголемата трагедија на море?

Објавено во: Свет 02 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Тајната архива на масоните го покажува нивното влијание на истрагата за потонувањето на Титаник, покажуваат нови докази.

Тајната архива во која се наоѓаат имињата на два милиони масони прв пат е јавно објавена на страницата Ancestry, и открива во колкава мера масовните биле вклучени во контроверзната британска истрага за најголемата катастрофа на море.

Архивата потврдува дека не само судијата која ја надгледувал британската истрага за катастрофата и главен истражител, туку и оние кои избегнале цензура-сите биле масони.


Додека истрагата на американскиот Сенат покажала дека виновник бил британскиот трговски одбор „кој допуштил на бродот да има толку мал број спасувачки бродови“, британската истрага која ја предводел Лорд Мерси не го обвинила одборот. Лорд Мерси, вистинското име на Џон Чарлс Бигам, бил како сега се дознава, масон кој и пристапил на лондонската ложа во 1881 година. На нив припаѓал и претседателот на одборот Сидни Бакстон, кој станал член истата година во источен Лондон.


Имињата на уште најмалку двајца од пет членови на комисијата кои учествувале во истрагата, исто така се наоѓаат во масонската архива. Тоа се професорот Џон Харвард Билс, специјалист за морнаричка архитектура и Едвард Частон, виш инженер.

Во меѓувреме се дознало и дека Лорд Пирие, кој бил директор на бродоградилиштето Harland and Volf во Белфаст, во кој е изграден Титаник, и еден од директорите на команиите која била на чело Вајт стар (компанија во чија сопственост бил Титаник) исто така биле масони.

Експерт за Титаник, Ник Комптон, автор на книгата 'Titanic on Trial', изјавил дека „истрагата за Титаник во Велика Британија е означена како „корегирана“ бидејќи од неа се исфрлени повеќе вклучени експерти. Испитани се само тројца патници, и сите тројца патувале со прва класа.

Го исклучиле и капетанот Смит само затоа што повеќето бродови во тоа време би поминале низ мразот без големи последици. Единствена личност на која двете истраги инсистирале бил капетанот на бродот Калифорнија кој бил оддалечен 13 км и чиј екипаж видел како од Титаник се исфрлани сигнални ракети, а не направиле ништо додека не било прекасно“.


Комптон тврди дека Британците повеќе се фокусирале на пополистички проблеми, како на пример дали на спасувачките бродови се качувале само богати патници кои им нуделе мито и зошто не се враќале по луѓето кои пливале околу бродот. Инаку, патничкиот брод кој потона на дното на Атлантикот рано утрото на 15 април 1912 година е една од најголемите морски катастрофи во кои загинале повеќе од 1500 а преживеале 700 луѓе.


Со британската истрага раководел трговскиот одбор кој дал одобрение на бродот за пловидба, а за кој многумина верувале дека не сакал да се пронајде виновникот, бидејќи меѓу одговорните бил тој самиот како и Вајт стар. Истрагата заклучила дека капетанот Смит го направил она што и секој друг способен човек да бил на негово место. Меѓутоа поврзаноста со масоните фрла ново светло на целата истрага, но и укажува во колкава мера масоните биле вклучени во британското високо друштво, како и тоа во колкава мера дури и управувале со него.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници